Врз основа на член 385 и 387 од Законот за трговски друштва, Статутот на БУТЕЛ акционерско друштво за погребни и придружни активности Скопје, Управниот Одбор на Друштвото
О б ј а в у в а
ЈАВЕН ПОВИК
ЗА СВИКУВАЊЕ СОБРАНИЕ НА АКЦИОНЕРИ на БУТЕЛ а.д Скопје
Собранието на акционер ина БУТЕЛ а.д Скопје ќе се одржи на ден 30.03.2023 година (четврток) со почеток во 10 часот во седиштето на Друштвото на ул. Лазар Трповски бр.67 А Скопје, Бутел (сала за состаноци).
За работа на Собранието на акционери се предлага следниот:
Д Н Е В Е Н Р Е Д
1. ПРОЦЕДУРАЛЕН ДЕЛ
- Верификација на пријавени и присутни акционери
- Избор на записничар
- Избор на Претседавач на Сообрание
- Усвојување на дневниот ред
2. РАБОТЕН ДЕЛ
- Усвојување на записникот од Собранието на акционери од 14.10.2022 год
- Разрешување на членови на Надзорен Одбор на БУТЕЛ а.д Скопје со предлог одлуки
- Избор на членови на Надзорен Одбор на БУТЕЛ а.д Скопје со предлог одлуки
Собранието одлучува само за прашања кои се уредно ставени на дневен ред.
Вклучувањето на нови точки на дневниот ред може да се врши на начин утврден со ЗТД.
Материјалите по дневниот ред ќе им бидат достапни на акционерите од денот на објавувањето на јавниот повик за свикување на Собранието во деловните простории на Бутел а.д Скопје ул. Лазар Трповски бр.67А Скопје, секој работен ден од 9-10 часот.
На седницата на Собранието на акционери може да учествува секој акционер лично или да овласти свој полномошник да го застапува на Собрнието со доставување на уредно писмено полномошно заверено кај нотар.
Акционерот мора да го извести Друштвото по писмен пат за полномошникот Во спротивно ќе се смета дека не доставил полномошно.
Секој акционер кој има намера да присиствува на Собрание должен е да го пријави своето учество до пред почетокот на седницата кај Претседателот на Управен Одбор на Друштвото поради евидентирање
Гласањето на Соранието на акционери е јавно, во согласност со ЗТД, Статутот на Друштвото.
На Собранието може да се одлучува ако на седницата присуствуваат акционери или нив овластени претставници кои поседуваат најмалку мнозинство од вкупниот број на акции со право на глас.
Одлуките се донесуваат со мнозинство на гласови од акциите со право на глас претставени на Собрание на акционери.
Управен Одбор –
Бутел а.д Скопје