Плаќањето гробарина отсега е достапно ОНЛАЈН.
+389 22 612 060

ЛИСТА НА ИНФОРМАЦИИ ОД ЈАВЕН КАРАКТЕР

БУТЕЛ акционерско друштво за погребни и придружни активности

Седиште: ул. Лазар Трповски 67 А, Скопје, Р. Северна Македонија
тел: + 389 2 26 12 060
факс: +398 2 26 12 060
www.butel.mk
contact@butel.mk

Тони Зајков – генерален директор

Службено лице за посредување со информации од јавен карактер:
Милан Иваноски mivanoski@butel.mk

Преземете

Годишен извештај 2023

Годишен извештај 2022

Годишен извештај 2021

Годишен извештај 2020

Барањата за слободен пристап до информации од јавен карактер можете да ги поднесете лично во просториите на друштвото (усно или писмено), по пошта или електронски.

ЛИСТА НА ИНФОРМАЦИИ ОД ЈАВЕН КАРАКТЕР

Закон за гробишта и погребални услуги
Правилник за утврдување на редот, работното време и обезбедувањето мир на гробиштата
Одлука за давање согласност на Одлуката за утврдување на висината на работите што ги врши БУТЕЛ ад Скопје како управител на градските гробишта во Скопје.
Одлука за утврдување на висината на надоместоците за работите што ги врши БУТЕЛ ад Скопје, како управител на градските гробишта во Скопје
Список на лиценцирани оператори кои склучиле договор со Управителот на градските гробишта во Скопје.
Список на каменорезачи кои склучиле договор со Управителот на градските гробишта во Скопје.

Врз основа на член 384 и 387 од Законот за трговски друштва, Статутот на БУТЕЛ а.д Скопје, Управниот Одбор на Друштвото

О б ј а в у в а

Ј А В Е Н П О В И К

ЗА СВИКУВАЊЕ НА ГОДИШНО СОБРАНИЕ НА АКЦИОНЕРИ на БУТЕЛ а.д Скопје

Собранието на акционери на БУТЕЛ а.д Скопје ќе се одржи на ден 26.05.2025 година (понеделник) со почеток во 10 часот во седиштето на Друштвото на ул. Лазар Трповски бр.67А Скопје, Бутел (сала за состаноци).

За работа на Собранието на акционери се предлага следниот

Д Н Е В Е Н Р Е Д

1. ПРОЦЕДУРАЛЕН ДЕЛ

  • Верификација на пријавени и присутни акционери
  • Избор на записничар
  • Избор на Претседавач на Сообрание
  • Усвојување на дневниот ред

2. РАБОТЕН ДЕЛ

  1. Усвојување на записникот од Собранието на акционери од 29.05.2024 год
  2. Разгледување на Годишниот извештај за работењето на Бутел а.д Скопје во деловната 2024 год со предлог одлука
  3. Разгледување на финансискиот извештај и годишната сметка на Друштвото за 2024 год со предлог одлука
  4. Предлог одлука за распределба на добивката на Друштвото остварена во 2024 год.
  5. Разгледување и усвојување на Извештајот за извршената ревизија на финансиските извештаи за 2024 год, со предлог одлука
  6. Разгледување на Извештајот за работењето на членовите на Управниот Одбор и Генералниот Директор на Бутел а.д Скопје за 2024 год, со предлог одлука за:
    • Усвојување на Извештајот за работењето на членовите на Управниот Одбор, Генералниот Директор на Бутел а.д Скопје
    • Одобрување на работата на членовите на Управен Одбор, Генерален Директор на Друштвото
  7. Разгледување на Извештај за работењето на членовите на Надзорен Одбор на Бутел а.д Скопје за 2024 год, со предлог одлука за:
    • Усвојување на Извештајот и одобрување на работата на членовите на Надзорен Одбор на Друштвото за 2024 год
    • Одобрување на работата на членовите на Надзорен Одбор на Друштвото
  8. Предлог Одлука за исплата на награда за работна успешност за 2024 год на членовите на Управен и Надзорен Одбор на Бутел а.д Скопје
  9. Назначување на овластен ревизор за 2025 год на Бутел а.д Скопје
  10. Разрешување на членови на Надзорен одбор на Бутел а.д Скопје – со предлог одлуки
  11. Избор на членови на Надзорен одбор на Бутел а.д Скопје – со предлог одлуки
  12. Одлука за измена на статутот на БУТЕЛ а.д Скопје

Собранието одлучува само за прашања кои се уредно ставени на дневен ред. Вклучувањето на нови точки на дневниот ред може да се врши на начин утврден со Законот за трговските друштва.

Матeријалите по дневниот ред ќе им бидат достапни на акционерите од денот на објавувањето на јавниот повик за свикување на Собранието во деловните простории на Бутел а.д Скопје ул. Лазар Трповски бр.67А Скопје, секој работен ден од 8-9 часот.

На седницата на Собранието на акционери може да учествува секој акционер лично или да овласти свој полномошник да го застапува на Собрaнието со доставување на уредно писмено полномошно заверено кај нотар. Акционерот мора да го извести Друштвото по писмен пат за полномошникот, во спротивно ќе се смета дека не доставил полномошно.

Гласањето на Собранието на акционери е јавно, во согласност со ЗТД, Статутот на Друштвото.

Одлуките се донесуваат со мнозинство од акциите со право на глас претставени на собранието на акционери.

Управен Одбор –
Бутел а.д Скопје

Надзорен Одбор

  • Анета Стефановска – претседател
  • Милан Ивановски -член
  • Сашко Петровски – член

Управен Одбор

  • Тони Зајков – претседател, генерален директор
  • Павлина Милошевска – член
  • Иван Севдов – член